еМагазин
Image default
Македонија

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар и студенти од денеска волонтираат во ковид центрите

Лекарите и медицинските сестри од Воениот медицински центар (ВМЦ) и студентите кои се на шеста година студии на Медицинскиот факултет во Скопје, од денес почнаа да волонтираат во ковид центрите во Скопје, информираат од Министерство за здравство.

Првата група на лекари и медицински сестри веќе е вклучена во сменската работа и во дежурствата.

Утрово министерот Венко Филипче на состанокот на интерните клиники со преставниците од ВМЦ и студентите ја поздрави нивната одлука и желбата да помогнат во работата на ковид центрите.

– Помошта која ни ја пружате за нас е многу значајна во период кога имаме голем број хоспитализирани пациенти со Ковид -19. Од друга страна за вас ова е искуство какво што можеби нема да имате прилика да го видите во вашата кариера како лекари.

Ваква организација немало до сега ниту кај нас, ниту во светот. Болеста е нова и непредвидлива. Клиничката манифестација е различна за секој пациент. Се соочуваме со нешто ново во медицината и за сите нас ова е во исто време и медицински проблем, но и предизвик, рече Филипче на состанокот.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на ИРИ: 45 отсто граѓани сметаат дека телефоните се уште им се прислушуваат

Редакција

Јавното обвинителство се уште разгледува дали да ги прифати предметите на СЈО

Редакција

Убава вест: 399 оздравени од Ковид-19

Редакција