еМагазин
Image default
Македонија

Левица бара протерување на бугарскиот амбасадор

Минатата недела сведочевме на бројни понижувања на македонскиот народ и држава. Највисоките претставници на неколку земји од Европската унија, македонскиот народ и јазик ги нарекоа ‘северномакедонски’, велат од Левица.

“Згора на сѐ, се појави францускиот предлог направен во соработка со министерот Османи, кој интегрирајќи ги сите бугарски барања, ги негираше постоењето на македонската култура, јазик, народ и држава.

За ситуацијата да биде полоша, од Народното Собрание на Република Бугарија одекна национал-шовинистичката порака со територијални претензии кон Република Македонија, еднаква на оние во времето на фашизмот во Втората светска војна. Пораката во која се вели „Македонија е Бугарија“ и негира постоење на засебна држава искажана во едно народно собрание е невиден преседан за европската историја.

За реактуелизирањето на големо-бугарската идеја, со која се рехабилитираат фашистички идеи и се загрозува територијалниот интегритет на Македонија, за жал не наидуваме на соодветна осуда или протест. Ниту од македонската Влада. Ниту од ЕУ, или пак т.н. стратешки партнери од НАТО.

Сметаме дека ваквиот курс на надворешна политика водена од ДУИ и СДСМ е недозволив и заради тоа Левица:

Инсистира на итен прекин на преговорите со Бугарија и престан на работата на т.н. историска комисија.

Бараме од Македонското МНР бугарскиот амбасадор да биде повикан на сослушување и да му биде врачена протестна, наместо вербална нота, како и прогласување за персона нон грата доколу отворената територијална претензија се констатира.

Продолжување на билатералните односи со Бугарија исклучиво во рамките на меѓународните организации каде што имаме еднаков статус како Советот на Европа, ОБСЕ и ООН.

Бараме Владата со отворено писмо да побара извинувања од претставниците на ЕУ, кои македонскиот народ и јазик го нарекоа „северномакедонски“.

Бараме во Собранието на Република Македонија веднаш на дневен ред да биде ставена Резолуцијата поднесена од Левица против рехабилитацијата и глорификацијата на фашизмот, нацизмот и нивните современи облици и истата да биде изгласана од страна на пратениците“, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Петков почна да употребува „северномакедонски“: За првпат Брисел ја поддржа бугарската позиција

(Фото) Отворени територјални претензии во бугарското Собрание: „Македонија е Бугарија“

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ковачевски неможел да коментира за скандалозната снимка со Џафери, оти не гледал кој со кого зборува

Редакција

22 лица го прекршиле полицискиот час, 393 казни за неносење маска

Редакција

Адвокатот на Боки 13, Дуковски: Знаевме дека ќе биде вака брутална казната, но оваа пресуда најмалку се заснова на докази

Редакција