еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) Алкалоид пушти во употреба нова инвестиција вредна 1,3 милион евра

Новиот магацин за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа, на чија изведба се работеше околу 15 месеци, е дел од дваесетгодишниот инвестициски план за развој на ПЦ Фармација, кој се реализира со интензивно темпо и во услови на криза, информираат од Алкалоид АД Скопје.

-Најновата инвестиција на „Алкалоид АД“ Скопје во магацински простор за фармацевтски суровини и за примарна амбалажа претставува современо и безбедно складишно решение, изведено согласност препораките за добра производствена пракса за магацинско работење, со законските прописи за чување фармацевтски производи и со фармацевтскиот систем за квалитет, велат од компанијата.

Новиот објект се простира на површина од вкупно 1.620 м2 и опфаќа: магацински простор за фармацевтски суровини, подрумски простории опремени со специјални ладилни соби наменети за суровини за кои се неопходни посебни услови за чување, температура и влага, административни простории и технички кат.

За потребите на овој објект, изградена е нова пристапна рампа за камиони, а проектирани и изградени се нови внатрешни сообраќајници, целосно приспособени за непречена и за безбедна комуникација на новиот магацин со производствените објекти.

-Со реализацијата на оваа инвестиција во ПЦ Фармација, целосно е осигурено најсовремено управување со суровините и производите и безбедна логистика на процесите – од прием на фармацевтските суровини до испорака на лековите до веледрогериите и до крајните корисници, велат од компанијата.

Магацинот располага со вкупно 800 палетни места за суровини, опремен е со најсовремен систем за климатизација, ладилни комори, системи за гасење пожар, како и со машини за хоризонтален и за вертикален транспорт.

Официјалното примопредавање на оваа инвестиција вредна 1,3 милион евра беше извршено од страна на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов и директорот за логистика и магацини, Зоран Костовски во присуство на вработени и членови на управните тела на компанијата.

Во складишните капацитети на „Алкалоид АД“ Скопје вработени се вкупно 120 извршители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Купената облека и обувките наместо во бутик ќе ги пробуваме дома

Редакција

На Ременски ќе и се суди заедно со Боки 13, одобрено обвинението за случајот „Рекег 2“

Редакција

Сите живи американски претседатели се директни потомци на робовладетели, освен Трамп, покажува истражување на Ројтерс

Редакција