еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лежеле на пругата: Товарен воз усмрти двајца мигранти во гевгелиско

Товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево, удрил во две лица мигранти кои лежеле на пругата.

Двете лица од здобиените повреди починале на местото на несреќата.

Од МВР информираа дека денеска во 02.20 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на железничката пруга, помеѓу Железничка станица Миравци и Железничка станица Клисура, товарен воз кој сообраќал на релација Железничка станица Гевгелија – Товарна Трубарево удрил во две лица мигранти коишто лежеле на пругата.

Увид извршила увидна екипа од Полициска станица Гевгелија.

Фото: Македонски железници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопје утре повторно без јавен превоз

Редакција

Советот на јавни обвинители не утврди грешки во работењето на обвинителката во случајот со сообраќајната несреќа кај Млечен

Редакција

Продолжува судењето за насилството во Собрание

Редакција