еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Нема нови препораки од Комисијата за заразни болести, потсетуваат на постојните мерки за заштита

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид -19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%, информираат од Министерството за здравство.

Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид-19) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

„Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид-19 во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз.

Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска, одржување растојание и почесто миење раце.

Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки,“ велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раст на бројот на заболени и на реинфекции со Ковид-19 во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија+Видео) Летна колекција на SuperDry: Summer or Nothing

Редакција

Детален преглед: Под хипотека 132.527 станови во Македонија

Редакција

(Видео) Доктор Пановски: Бројот на заразени од Ковид-19 ќе се зголеми на 1.000 дневно, состојбата би се смирила околу Нова година

Редакција