Директорот на Клиничкиот центар во Ниш, Радмило Јанковиќ, вели дека старите лица кои се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“ во Србија под итно мора да се вакцинираат со трета доза, пренесува Нова.рс.
„Мојата препорака е тие кои примиле „Синофарм“, посебно лицата постари од 50 години, да ја променат вакцината и да примат „Фајзер“, вели Јанковиќ, кој препорачува додека го направат тоа помалку да циркулираат помеѓу луѓе.
Додава и дека секоја комбинација на вакцини е безбедна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.