еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО ТОП СТОРИИ

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани и 8.306 со втора

Во Врање досега со прва доза се вакцинирани 11.540 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 8.306 наши државјани, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопшти порталот „Југпрес“, повикувајќи се на податоците од Здравствениот центар во Врање, до 14 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини во овој град изнесува 74.762.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 11.540, додека бројот на вакцинирани граѓани на Република Босна и Херцеговина е шест граѓани.

Бројот на граѓани на Македонија кои се вакцинирале со втората доза изнесува 8.306 и седум државјани на Република Босна и Херцеговина.

Бројот на вакцинирани граѓани на Република Србија со првата доза е 27.669, додека со втора доза се вакцинирани 27.117 српски државјани.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина „Синофарм“, додека помал број ги добиле вакцините на „Фајзер“, „Спутник В“ и „АстраЗенека“.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Професор Трајковски: Свадбарите да побрзаат и нека завршат со свадбите летово, затоа што не знаеме што носи есента

Редакција

Бирократско вртење во круг: Леонид засега останува без државна помош за лекувањето во Виена

Редакција

Традиционалната манифестација Галичка свадба се одложува, заради заштита на јавното здравје

Редакција