еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Лидери на пет членки на ЕУ предупредуваат на големи разлики во дистрибуцијата на вакцините

Лидерите на пет членки на Европската унија денеска повикаа на разговори на високо ниво за фер дистрибуција на вакцините против коронавирусот, предупредувајќи дека сегашниот начин на работа на тој систем до летото може да создаде „големи разлики“ меѓу земјите членки.

Лидерите на Австрија, Бугарија, Летонија, Словенија и Чешка во писмо до функционери на ЕУ истакнаа дека сметаат оти сегашниот систем „може да продолжи да создава и продлабочува големи разлики меѓу земјите членки до ова лето, при што некои од нив ќе можат постигнат колективен имунитет за неколку недели, додека другите држави би можеле да заостанат далеку зад нив“.

Во писмото до претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, функционерите на ЕУ се повикуваат „што е можно поскоро да одржат дебата за ова важно прашање“.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера изјави дека вакцините не се делат пропорционално меѓу земјите-членки на ЕУ и оти се склучуваат дополнителни договори за снабдување со вакцини како резултат на нетранспарентни преговори меѓу лидерите на ЕУ.

Курц смета дека Холандија и Данска имаат пристап до значително повеќе дози вакцини по глава на жител отколку земјите како, на пример, Бугарија или Хрватска.

Петмина шефови на влади ја критикуваа досегашната практика на дистрибуција на вакцини, бидејќи тоа е во спротивност со договорот на ЕУ за пропорционална распределба.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на Економист: Зошто е веројатно дека ќе пропадне договорот помеѓу Македонија и Бугарија

Редакција

Фуере: Многу од елементите на бугарската позиција се против она за што се бори ЕУ

Редакција

Добрососедските односи остануваат суштински: Советот на ЕУ ги усвои заклучоците за проширувањето за Македонија

Редакција