Лидерите на албанските политички партии во Македонија, во вторник ќе заминат на средба со албанскиот премиер Еди Рама, во Тирана, објави Алмакос.
Според овој медиум, на средбата биле поканети лидерите на ДУИ, Али Ахмети на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари на Беса, Билал Касами на Алтернатива, Африм Гаши и Мендух Тачи на ДПА.
На тркалезната маса организирана од Рама во Тирана ќе се разговарало за политичката случувања во земјата, за струењата во партиите и за други прашања на Балканот.
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.