еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Умерено да се внесува храна по постите, советуваат лекарите

Верниците кои 40 дена постеле за Божик, пред Божикната трпеза треба да го навикнат организмот на друга храна поразлична од онаа што се внесувала во изминатите 40 дена.

Лекарите советуваат граѓаните да бидат доста внимателни, бидејќи, во спротивно, во ризик го ставаат сопственото здравје.

Валентина Митрова, матичен лекар, вели дека се треба да е умерено и храната и пијалоците.

„Не треба да се претперува со обилни, масни оброци, затоа што сѐ тоа може да се одрази на здравјето, бидејќи во претходниот период биле навикнати на еден друг начин на исхрана.

Сѐ она што ќе почнете да го консумирате за Божиќ, може да ви направи нелагодност. Во однос на гастрични тегоби, надуеност, киселина дури при премногу мрсни оброци, ако не се надмине тој преоден период може да дојде и до воспалување на жолчната кеса, панкреатит како најсериозно манифестирање,“ вели Митрова.

Таа дополнува дека препораките важат за сите, не само за оние кои постеле во изминатите 40 дена.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска претпладене сончево и топло време, а попладне пороен дожд

Редакција

Законски измени: Ако возите под дејство на алкохол и дрога или возите над дозволеното ќе направите кривично дело

Редакција

(Фото) Премиерот Ковачевски со сопругата на литургија по повод Велигден

Редакција