еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник: 25.000 учесници во Бадниковите поворки

Највеличествениот Бадник во регионот, повторно е во Македонија, информираат од Бадникови поворки.

По завршувањето на најголемата Бадникова манифестација досега, во која што бадникови поворки на радоста организираа над 62 градови и населени места во нашата земја, слободно можеме да кажеме дека Македонија никогаш не изгледала поубаво за Бадник.

„Топлиот и сончев, од Бога подарен ден, предизвика околу 25 илјади учесници, од најмало да најстаро, да чекорат во поворките на радоста, со што се надминаа сите очекувања на организаторите.

Во Скопје, за првпат, Соборниот храм не успеа да ги собере сите коледарчиња одеднаш, па во неколку наврати децата го полнеа храмот, каде што со најголема радост Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан ги пречека и ги даруваше со пригодни подароци.

Ништо помалку масовни не беа и бадниковите поворки во Охрид, Битола, Струга, Кичево, Прилеп, Крушево, Штип, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Ресен, Тетово, Гостивар, Дебар, Куманово, Крива Паланка, Македонски Брод, Виница, Кочани, Св.Николе, Радовиш, Делчево, Пробиштип, Македонска Каменица, Валандово, Берово, Демир Капија, а ревносните коледарчиња во огромен број ги наполнија улиците и на Велгошти, Василево, Дебарца, Враништа, Ростуше, Кривогаштани, Јанковец, Могила, Драслајца, Брвеница, Вратница, Банско, Ново Село, Зубово, Сушица, Ново Коњарево, Удово, Јосифово, Пирава, Грчиште, Марвинци, Балинци, Брајковци, Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Центар, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, Илинден, Петровец, Чучер Сандево, Бардовци…

Во сите поголеми градови, Бадниковите поворки беа крунисани со мали божикни концерти на пригодни празнични песни.

За прв пат целата бадникова манифестација беше инклузивна и толкувана на знаковен јазик, за радоста да ја почувствува секој.

Да потсетиме! Децата во поворките ги симболизираат ангелите коишто пеејќи ја ангелската песна Вечниот Бог го најавуваат Христовото Раѓање,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Христос се роди: Слава на Бога во висините, а на земјата мир и меѓу луѓето добра волја!

Бигорски манастир: Приказната за Божикното цвеќе

Фото: Бадникови поворки/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

УЈП: Скопјанка за една година остварила бруто приход од 17 милиони евра

Редакција

(Фото) Еди Рама ја „присвои“ Лешница: Водопадите биле дел од убавините на Албанија

Редакција

Со победата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој ги освоил сите Грен слем турнири барем двапати

Редакција