еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Со победата на Ролан Гарос, Ѓоковиќ стана првиот тенисер кој ги освоил сите Грен слем турнири барем двапати

Победник на Ролан Гарос 2021 во машка конкуренција е српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во финалето тој го победи Гркот Стефанос Циципас со 3:2, иако Гркот водеше со 2:0 по првите два сета.

Натпреварот траеше четири часа и 12 минути. Ѓоковиќ направи пет аса, со три двојни грешки и пет реализирани брејк топки од 16. Неговиот противник имаше 14 аса, четири двојни грешки три успешни брејка од осум можности.

Србинот е прв тенисер што ги освои сите четири Грен слем турнири двапати. Ова е негова втора победа на Ролан Гарос. Тој првпат победи во 2016 година. Триесет и четиригодишниот тенисер има и девет титули на Австралија опен, пет на Вимблдон и три на УС Опен.

МИА/Фото: Фејсбук/Ѓоковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сашо Тасевски е новиот директор на БЈБ

Редакција

(Галерија) Заев и Ахмети заедно славеа за „Северна Македонија“

Редакција

Горивата поевтинуваат за денар

Редакција