еМагазин
Image default
Бизнис

Листа на должници на УЈП: Јавни претпријатија меѓу рекордерите по неплатен данок

Управата за јавни приходи ја објави листата на должници бр.09/2018 за долгови доспеани до 31.05.2018 и неплатени до 31.08.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На листата на должници објавени се 2.178 должници – правни лица меѓу кои и неколку јавни претпријатија кои должат стотици милиони на државата.

Така, „Македонија пат“ има долг од 366 милиони денари, што го прави ова претпријатие еден од рекордерите по неплатени давачки.

На листата должници се и гостиварски „Комуналец“ со долг од 189 милиони денари, Македонска радиотелевизија има долг од 77 милиони денари, струшкото Комунално претпријатие должи 6,9 милиони денари…

Целата листа должници ТУКА.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител, Канал 5, Алсат-М и Алфа лани работеле со добивка, Телма со загуба

Редакција

Бензините поевтинуваат за два денара, цената на дизелот останува иста

Редакција

Македонски Телеком лани ја зголеми нето добивката за 2,5%

Редакција