еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Лиз Трас поднесе оставка, месецов Британија по трет пат годинава ќе бира премиер

Британската премиерка Лиз Трас денеска поднесе оставка од лидер на Конзервативната партија, а својата одлука таа ја соопшти пред канцеларијата во даунинг Стрит 10 во Лондон, јавија Би-би-си.

Трас изјави дека изборите за лидер на Конзервативната партија, што потоа треба да биде и новиот британски премиер, ќе се оддржат следната недела, а дека таа ќе остане на местото премиерка се до изборот на нејзиниот наследник.

Би-би-си во првичниот коментар на оставката на Трас од функцијата наведува дека никогаш досега во поновата британска историја не е видена ваква политичка разврска, бидејќи токму вчера таа кажа дека е борец и дека нема да се откаже.

Но, оставката, додава Би-би-си во анализата, го покажува хаосот во Владата, Парламентот и Конзервативната партија што ја довеле Трас до точката што значи дека таа знае дека не може да продолжи.

-Ова што сега се случува сега е најбрзиот пресврт на моќта што сме го виделе во модерното време, наведува Ник Ердерли, од надворешната редакција на Би-би-си.

-Ова се промени со брзината на молња. Прашањето е дали Конзервативната партија може да се здружи околу нов лидер и дали партијата може да избегне општи избори. Во октомври ќе го имаме третиот премиер годинава.

Ова е невидена ситуација и невиден краток мандат како премиер и невидена криза во британската политика“, се додава во првичниот коментар на Би-би-си на оставката на британската премиерка Лиз Трас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е наследничката на Борис Џонсон, Лиз Трас: Од невообичаена говорничка и „кралица на Инстаграм“ до премиерка

Фото: Фејсбук/Трас

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Турција регистрирани 648 последователни земјотреси

Редакција

„Пендаровски кога ќе си оди нека го изгасне светлото во државата“: Претседателот на „тапет“ на Твитер

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција