еМагазин
Image default
Локално

Ловел диви свињи, погодил двајца другари-ловџии

На 20.11.2019 околу 17.00 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено дека во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреди од огнено оружје биле донесени две лица, информира МВР.

По преземени мерки утврдено е дека станува збор за лицата Н.М.(32) од с.Морани, скопско, и Н.Ф.(44) од с.Дејковец, општина Зелениково. Двајцата повредени, во разговор со полициски службеници, изјавиле дека биле повредени со ловна пушка, од нивниот другар Т.Ш.(34) од с.Студеничани, скопско, околу 15.00 часот во близина на с.Дејковец, додека ловеле диви свињи.

Со Т.Ш. бил извршен разговор во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Змија се качи на велосипед во Дебар Маало

Редакција

Приведена 50-годишна жена која дрско и непристојно се однесувала кон полицајците на Меѓународниот аеродром ТАВ

Редакција

Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Редакција