еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

M6 Едукативен центар стана официјален партнер на Адижес Институтот

M6 Едукативниот центар стана официјален партнер на Адижес Институтот од Калифорнија за новата Adizes Online програма, информираат од таму.

Adizes Online е целосно дигитализирана програма со онлајн содржина која се стреми кон развивање на вештини и континуирано учење, според основите на методологијата на Адижес, а обезбедува бројни обуки како што се: Управување со животниот циклус на организацијата, ДНК на организацијата, Лидерски стилови, Како да се имплементира одлука, Водење на лидерите, Формулата за успех во секоја организација и други.

Преку партнерството со престижниот Адижес Институт, М6 Едукативен центар се профилира како предводник на трансформацијата на организациите и на општеството во целина, во земјава и регионот, велат од таму.

Со следење на онлајн програмата преку М6, се добива пристап до повеќе од 300 часа предавања, електронски книги, квизови и задачи преку кои ќе може да се совладуваат темите кои се обработуваат, а програмата овозможува и вмрежување и дискусија со останати нејзини корисници.

Обуките се достапни на индивидуално и на ниво на компанија, при што одговорните лица можат да го следат напредокот на своите вработени и имаат можност за директни консултации со Адижес Институтот.

По успешно завршување, корисниците на програмата се стекнуваат со престижен сертификат од Адижес Институтот.

Адижес Институтот е водечка консултантска организација од областа на менаџментот, рангирана од страна на Executive Excellence меѓу десетте најдобри консултантски куќи во светот.

Институтот е основан во 1971 година и од тогаш соработува со бизнис лидери од сите индустрии во светот, овозможувајќи им да се справат со клучни предизвици во раководењето на компаниите и организациите и да ги идентификуваат своите потенцијали и можности.

Во својата богата историја Институтот има работено и со „Fortune 500“ компании и со старт-апи.

Основач на Институтот е проф. д-р Исак Адижес, роден во 1937 година во Скопје. Бил професор на повеќе престижни универзитети, а неговото име е на листата 30 најдобри консултанти во Америка. Како признание за придонесот во развојот на теоријата и практиката на менаџирање, д-р Адижес е носител на 21 почесен докторат од универзитети во десет земји.

M6 Едукативниот центар е водечка институција во земјава за трансформации и општествен развој која преку врвни програми за образование, иновации, креативност и култура во професионалниот и секојдневниот живот поттикнува предизвици за развој и промени за постигнување на извонредност и успех во работењето.

Сите заинтересирани ќе може да добијат повеќе информации и да се пријават преку веб-страницата на М6 Едукативен центар, www.m6.edu.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Редакција

По две години пауза, Саемот на книга повторно ги очекува групните и организирани посети на ученици

Редакција

Зоолошката градина добива Бејби зоо за најмладите

Редакција