еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Зоолошката градина добива Бејби зоо за најмладите

Скопје Зоо добива мини зоолошка градина за најмладите. По теркот на европските и светските и во скопската зоолошка ќе се отвори Бејби Зоо.

Тоа е заградена мини зоолошка градина каде што ќе има мали безопасни животни и каде што децата во присуство на Зоо негувател ќе може поинтеркативно да се запознаат со животните, да си играат и да се фотографираат со нив.

„Целта е децата уште од мали да ја почувствуваат љубовта и грижата кон животните. Доколку уште од мали нозе научат како да се грижат за нив, сигурно е дека кога ќе пораснат ќе ја имаат онаа зоокултура која сега недостасува кај нас“, изјави директорот Ѓорѓи Галетановски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„МакеДокс“: Наградата „Кромид“ за најдобар филм во главната програма ја доби документарниот филм „Затемнување“

Редакција

Уште еден ден до крајот на УЛТРА РАСПРОДАЖБА во Капитол мол!

Редакција

Се отвора 14.Меѓународно биенале на млади уметници во МСУ – Скопје

Редакција