еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Уште еден ден до крајот на УЛТРА РАСПРОДАЖБА во Капитол мол!

Доследен на своите цели, Капитол мол веќе 6 дена е исполнет со попусти до -70%, забава и изненадувања. Сепак, за тие кои сѐ уште копнеат по тоа искуство, ќе имаат уште еден ден да го почуствуваат тоа, затоа што УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school завршуваат утре, на 6. септември.

Молот ги дуплираше своите активности сѐ со цел да им понуди на сите незаборавно искуство. Голем број на семејства се забавуваа и уживаа за време на „Забавното шоу за првачиња“. Таму настапија 8 училишта од општина Аеродром, музичкото училиште Пијанофорте и прекрасните Поточиња. Благодарение на општина Аеродром и сите инволвирани, позитивната енергија од првиот школски ден го преплави трговскиот центар креирајќи атмосфера која посетителите засекогаш ќе ја паметат.

Капитол мол е место каде секој може да го најде тоа што го бара. Првачињата го наоѓаат своето прво и омилено ранче, тинејџерите може да го купат уникатното парче облека кое ќе им ја одбележи школската година, родителите со сигурност ќе го најдат своето катче за одмор и уживање.

УЛТРА РАСПРОДАЖБА и Back to school во Капитол мол се надополнети со бројни изненадувања и наградни предизвици. Настаните и активностите од оваа природа ќе продолжат затоа што нивниот ефект беше почуствуван од илјадници посетители.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кожувчанка“ донираше генератор за струја на градот Буча од Украина, збратимен со Кавадарци

Редакција

(Фото) Портокалова велосипедска тура, изложба на карикатури и холандски пазар на отворањето на Деновите на Холандија во Ист Гејт Мол

Редакција

(Фото) Кроација осигурување започнува акција за збогатување на книжевниот фонд на училишните бибилиотеки

Редакција