еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски текстилини компании се преставија на саем за облека во Минхен

Успешно претставување на македонските текстилни компании во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ќе ги презентираат инвестициските потенцијали во домашната текстилна индустрија на саемот за облека Munich Apparel Source, што од 4 до 6 септември се одржува во Минхен, Германија.

Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Вулнет Адеми вели дека на националниот штанд ќе се претстават седум домашни текстилни компании – Еуросолид, Астибо фешн груп, Кули, Окитекс, Метас и Албатрос.

„Македонија има големи потенцијали во сферата на текстилната индустрија кои треба да ги презентираме пред странските инвеститори. Согласно нашиот План за активности и на предлог на бизнис заедницата, Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот го организира претставувањето на Македонија како дестинација за инвестиции во текстилната индустрија, но помагаме и за поврзување на бизнисите, со што отвораме можности за нови инвестиции и нови вработувања. Саемот Munich Apparel Source ги поврзува европските брендови и трговци со производителите на облека кои одржуваат високите стандарди во квалитетот на производството“, вели Вулнет Адеми Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.

Истовремено во Минхен се одржува и Саемот за набавка на материјали и модни додатоци Munich Fabric Start, каде македонските компании ќе имаат можност да ги запознаат новите услуги, производствените методи и комплетните решенија во производство на текстил и облека. Двете саемски манифестации нудат компатибилни содржини и овозможуваат ексклузивен пристап до текстилните материјали и синхронизирана понуда на производствени модели, поедноставувајќи ја логистиката на набавки во текстилната индустрија.

На саемот во Минхен (http://munichapparelsource.com/) ќе се претстават околу 200 меѓународни компании од текстилната и модната индустрија со портфолија на производи и производствени услуги кои се однесуваат на Cut-Make-Trim (CMT) решенија, висок квалитет на производство и целосен пакет на услуги.

Годинава Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот го овозможува заедничкото претставување со нашите компании во соработка со Швајцарската програма за поддршка на извозот (SIPPO) и Текстилниот Кластер на Република Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕДС го доби тендерот на Собранието за набавка на струја вреден 249.000 евра

Редакција

(Фото) Scalefocus отвара нови модерни канцеларии на 1.000 метри квадратни во строгиот центар на Скопје

Редакција

„Адриа медиа груп“ го напушта „Слободен печат“

Редакција