Генераторот во вредност од 80 илјади евра, кој како донација од страна на градоначалникот Митко Јанчев и компанијата „Кожувчанка“ му беше доделен на збратимениот град Буча од Украина, е пристигнат.
Ова значи дека граѓаните на Општина Буча веќе од понеделник ќе имаат непрекинато водоснабдување и струја. За ова денеска информираа од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник.
Оттаму соопштија дека збратимувањето меѓу општините Кавадарци и Буча од Украина што се случи пред неколку дена, резултираше со конкретен пример на поддршка. Бидејќи, поради воени дејствија, граѓаните таму се без електрична енергија и без вода за пиење.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кавадарци се збратими со украинска Буча
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.