еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски: Клубот во Благоевград е финансиран од приватни лица, на кој начин е регистриран треба да проверат бугарските институции

Во Благоевград утре се отвора македонски клуб финансиран од приватни лица и кажав дека оние кои се заинтересирани можат да одат.

Во однос на тоа на кој начин е регистриран, останува на институциите на Бугарија да проценат, исто како што формирањето на бугарските клубови во нашата држава останува на оценка на нашите институции, вели премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.

На денешното отпочнување со градба на источен дел од Коридор 8, секција Куманово-Бељаковце-Крива Паланка, Ковачевски порача дека помеѓу двете држави треба да се формираат организации и настани што ги зближуваат граѓаните, државите и институциите, а никако да не се гради реторика што се практикуваше подолг период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Започна изградбата на источното крило на железничкиот Коридор 8

-Би сакал да дополнам и дека во текот на летните месеци кажав дека како држава преку Министерството за култура и Владата ќе доставиме барање до Бугарија со цел отворање на официјален македонски културен центар во Благоевград како што имаме во Софија, Тирана и Сараево и други градови преку кој ќе може да се негуваат македонската култура и литература и граѓаните кои се самоопределуваат како Македонци да дојдат во контакт со неа, додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се меша ли Османи во внатрешните работи на Бугарија со проверката за тоа кој стоел зад македонскиот клуб во Благоевград?

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хоџа не е повеќе министер за земјоделство, во Собранието констатирана неговата оставка и на замениците министри за образование и за култура

Редакција

„Жикол“ го доби тендерот за изградба на парцела во ТИРЗ Струмица вреден 47 милиони денари

Редакција

Дебарскиот Оперативен штаб состојбата со Ковид-19 ја оценува како многу критична

Редакција