еМагазин
Image default
Македонија

Дебарскиот Оперативен штаб состојбата со Ковид-19 ја оценува како многу критична

Дебарскиот општински Оперативен штаб на денешната попладневна средба, епидемилошката состојба со Ковид-19 ја оцени како многу критична, со секојдневното ширење на инфекцијата со опасниот вирус.

Тоа, како што беше посочено на средбата, е последица на високото ниво на непочитување на мерките за заштита од страна на граѓаните како и деловните субјекти кои генерално не ги почитуваат работните протоколи, ниту работното време.

-Поднесено е барање до Главниот кризен штаб да се испрати пулмолог во Општата болница во Дебар, како и санитарен здравствен инспектор. Министерството за здравство подготвува проект за евентуална изградба на ковид-центар и во нашата општина, информираа од Штабот.

Додаваат дека Општинската организација на Црвен крст во соработка со јавното здравство, дебарската болница и локалната власт, ќе подготви едукативен материјал со цел запознавање на граѓаните со заштитните мерки и зошто тие треба да се почитуваат.

-Исто така договоривме Јавното комунално претпријатие „Стандард“ и Територијалната противпожарна единица секој понеделник и петок да ги дезинфицираат главната и пофрекфентните улици во градот. Апелираме до граѓаните да не ја занемаруваат ситуацијата и строго да ги почитуваат мерките за самозаштита, велат од Штабот.

Во Дебар досега регистрани се 173 случаи со Ковид-19 од кои дури 122 се од втората фаза на болеста, откако со регистраниот случај во село Долно Косоврасти болеста повторно, по педесет дена, се врати во ова подрачје.

Од вкупната бројка пет случаи се од општина Центар Жупа. Активни на болеста се 111 лица, починале петмина, а оздравеле 57 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови 96 заболени од корона вирусот од 724 тестирања, најмногу во Скопје и Штип по 24

Починаа 10 пациенти од Ковид-19, кај 48-годишен вирусот утврден постмортем

Убава вест: Оздравеа нови 61 пациенти од корона вирусот, најмногу во Скопје и Куманово

МИА/Фото: Општина Дебар

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска комисија за 20 години доставила само 165 иницијативи до Обвинителство, од кои само три дошле на суд

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 низ Македонија

Редакција

„Титаник 3“ по третпат почнува со слушање на „бомбите“ како материјални докази

Редакција