еМагазин
Image default
Македонија

Антикорупциска комисија за 20 години доставила само 165 иницијативи до Обвинителство, од кои само три дошле на суд

Во историјата на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) за 20 години до Јавното обвинителството се доставени 165 иницијативи за кривично гонење, од кои само три дошле до суд, информира претседателката на Комисијата, Билјана Ивановска.

Тоа, вели таа, е многу мала бројка за 20 години, ако се има предвид дека не се само наодите на ДКСК.

Одговарајќи на новинарско прашање, на денешната прес-конференција, претседателката на Антикорупциска, Ивановска рече дека треба да се зајакнат капациетите во Јавното обвинителство за да можат предметите побрзо да се проследуваат до судовите.

– За изминатите три години, 18 иницијативи се доставени до Јавното обвинителство. Од овие 18 иницијативи, за шест имаме добиено одговори од кои две се отфрлени, за две е промена на фактичка состојба, а за две иницијативи, Јавното ообвинителство постапува.

Сметам дека треба да се зајакнат капациетите во Обвинителството воопшто за да можат предметите побрзо да се проследуваат до судовите. Сметам дека најмногу од се треба првиот филтер – Јавното обвинителство да ги зајакне своите капацитети и да работи поекспедитивно, рече Ивановска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 313 случаи на Ковид-19, оздравени 364, седум починати лица

Редакција

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Редакција

Заев и Ахмети ги билдаат позициите во пресрет на денешното продолжување на преговорите за нова Влада

Редакција