еМагазин
Image default
Македонија

ДПА ја напушти лидерската средба за одржувањето на изборите, одлуките биле однапред донесени

Демократската партија на Албанците ја напушти лидерската средба што ја свика претседателот Стево Пендаровски, во вила Водно.

Во изјава за медиумите Орхан Ибраими од ДПА рече дека тоа го направиле, бидејќи одлуките биле однапред донесени од двете политички партии од македонскиот блок.

„Денеска сме присутни на овој состанок поради новата сериозна состојба со вирусот и предлагаме што побрзо да се воведе вонредна состојба. Го напуштивме состанокот затоа што мислиме дека како албански политички партии сме декор во овие институции и во оваа земја, затоа што одлуките однапред се донесени од двете македонски политички партии“, изјави Ибраими.

Тема на лидерската средба е одложување на парламентарните избори.

На средбата присуствуваат лидерите на СДСМ, Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши и на Движењето БЕСА, Билал Касами.

Во име на ДУИ на состанокот присуствуваат Бујар Османи и Изет Меџити.

На средбата се присутни и претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Оливер Спасовски

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети: Би прифатиле одложување на изборите заради коронавирусот

Заев: Ќе побараме одложување на изборите

Мицкоски на Фејсбук повика на одложување на изборите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради отсуство на судијата Ставрев одложено судењето за „ТНТ“

Редакција

Цензусот главен проблем за изборите: За Ахмети прифатливо претседателот да се избира во Собранието

Редакција

А1он: По синот, во РЕК Битола вработен и братот на пратеничката на СДСМ, Мира Стојчевска

Редакција