еМагазин
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ: Да се врати старата цена на струјата

Враќање на старата цена на струјата, неделен викенд без ДДВ и професионализација на Регулаторната комисија за енергетика, се трите барања кои ги изнесе лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на денешниот протест.

„Богати мафијаши во владата, а сиромашен народ. Тоа е реалноста во нашата Македонија. Кога неправдата станува закон во оваа наша држава, тогаш протестот и пркосот е наша обврска. Мафија или Македонија, изборот е јасен – Македонија“, порача Мицкоски.

Како директно одговорен за покачувањето на цената на електричната енергија, Мицкоски го  посочи првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, за кого рече дека и слугува на власта.

„Овој човек е независниот регулатор. Прославува во седиштето на СДСМ, а потоа ја кодоши државата, опозицијата и сопствениот народ во Европската енергетска заедница. Ова е човекот кој потпиша зголемување на цената на електричната енергија за 7,5 проценти. Ова е човекот кој брцна во џебот на овој осиромашен народ. Ова е слугата на мафијата и се вика Марко Бислимоски“, изјави Мицкоски.

Лидерот на најголемата опозициска партија, Мицкоски најави дека отпорот и протестите ќе продолжат се додека мафијата на власт не биде детронизирана.

„Ова е прв од серијата протести кои треба да го покажат и докажат гневот насобран во народот поради неправата која се случуваше изминатите месеци. Украдените и поткупени избори од мафијата на власт. Ова ќе биде прв од серијата протести против неправдите на мафијата“, изјави Мицкоски.

Денешниот протест против поскапувањето на струјата почна од пред Министерството за правда, од каде со паролата „Скапа струја, сиромашен народ“ се упати кон седиштето на Регулаторната комисија за енергетика.

МИА/Фото:Фејсбук/Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Колкави трошоци имале лани Телма, Сител, Алсат М, Канал 5 и Алфа

Редакција

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 805 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Редакција

Во понеделник на Комисијата за заразни болести ќе се разговара за опасноста од делта сојот на Ковид-19

Редакција