еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Случај „Талир“: Објавата на сведочењето на Силјан Мицевски го „вознемири“ Никола Груевски

Сведочењето на бизнисменот Силјан Мицевски за предметот „Талир” предизвика реакција од поранешниот премиер Никола Груевски, кој како политички азилант избега во Унгарија.

Во Основниот кривичен суд Скопје, Мицевски денеска сведочеше на предлог на обвинителката Ленче Ристоска. Како што пренесува сдк.мк, Мицевски рекол дека добил тендер од партијата ВМРО-ДПМНЕ и давал работа на помали компании по сугестија на партијата.

„По наредба на премиерот или генералниот секретар на Владата се случувало да ми кажат: Земете го тој и тој подизведувач. Кирил Божиновски ми дал таква сугестија. Ми кажал на пример да го вклучам „Трансмет“ за ископ во Битола”, одговараше под заклетва Мицевски, пренесе порталот.

Тој додава дека лично однел 10.000 евра кај премиерот Никола Груевски како донација и дека индиректно донирал, за избори.

„Сме дале и на кошаркарскиот клуб МЗТ околу 70.000 евра. Требаше да платат некоја котизација за да не ги избришат од лигата и јас платив. Плативме не по наша иницијатива, туку по барање на одредени луѓе од партијата”, вели Мицевски.

На ваквата објава реагираше Никола Груевски преку Фејсбук.

„Во врска со натписите и објавите на неколку медиуми во Македонија кои се однесуваат на денешното сведочење на бизнисменот, поранешен градоначалник на Битола и поранешен висок функционер на СДСМ – Силјан Мицевски во предметот под работен наслов Талир 1, укажувам за злонамерите на дел од медиумите и истите ги демантирам во целост како невестини.

При денешниот исказ на двата сведока, обајцата не ги потврдиле наводите во обвинението против обвинетите, па оттука веројатно и потребата на некои партиски определени медиуми да престават поинаква слика на нивното сведочење пред јавноста, особено за Силјан Мицевски.

Никогаш додека бев премиер не сум имал средба или телефонски разговор со Силјан Мицевски, ниту некогаш сум му сугерирал нешто или некого да финансира, и никогаш не сум му побарал ниту сум добил било што од него“, пишува Груевски.

За предметот „Талир“ е замрзнат целиот имот на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради незаконско финансирање и перење пари во износ од 5 милиони евра.

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради кризната состојба: Во Дебар „заглавени“ стотина жители од други градови

Редакција

Сите детали: Кој се е осомичен во “Рекет 2“

Редакција

На факултетите на УКИМ слободни 10.473 места за нови студенти

Редакција