еМагазин
Image default
Македонија

Детален преглед: На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 805 пациенти болни суспектни на Ковид-19

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 805 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 75 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 60 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 45 пациенти, во Велес се лекуваат 47 болни, а во Куманово 104 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 100 пациенти, во Прилеп 97 во ковид центарот во Гостивар 57, а во Струга 44 болни.

Во болницата во Струмица хоспитализирани се 65 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 53, во Гевгелија 20 лица, а во Дебар 11 позитивни и суспектни на корона вирусот,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

„Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.302 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Европарламентарците утре ќе побараат екстрадиција на Груевски во Македонија

Редакција

Даниела Николова е новата пратеничка од СДСМ

Редакција

Од Ковид-19 починаа две жени од Виница и Берово на штипското Инфективно одделение

Редакција