еМагазин
Image default
Македонија

МТСП: Силјановска Давкова дрско ги злоупотребува децата од СОС Детско село во предизборна кампања  

Министерството за труд и социјална политика најостро реагира на дрската злоупотреба на децата и младинците без родители и родителска грижа во СОС Детско село од страна на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Годрана Силјановска Давкова.

„Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ денеска подготвуваше оброци за децата од СОС Детско село, малипулирајќи ја јавноста дека се загрозени и дека им е неоходна храната.

Министерството за труд и социјална политика ја информира јавноста дека СОС Детско село е приватна установа којашто згрижува деца без родители и родителска грижа врз основа на Управен договор склучен со државата, а трошокот за секое дете на месечно ниво го покрива надлежниот Центар за социјални работи и истиот изнесува 18.000 денари.

Освен користењето на месечниот надоместок, според договорот  ПУ СОС-Детско село, има обврска децата да ги згрижува на начин кој е во најдобар нивен интерес,  да им обезбеди, исхрана, облека, нега, грижа и воспитание до нивно враќање во семејството, односно до оспособување за самостоен живот и работа. Установата е должна на децата и младинците да им обезбеди посетување на основно и средно образование во соодветна установа, организирање стручна помош за успешно совладување на воспитно-образовните програми, да организира различни облици на работа и живот, како и да се грижи за нивното здравје.

Република Северна Македонија ја има ратификувано Конвенција за правата на детето. Согласно членот 36 од Конвенцијата државите кои ја имаат ратификувано оваа Конвенција се должни да ги штитат децата од сите форми на искористување штетни за доброто на децата. Злупотребата  на децата кои се без родителска грижа и се под заштита на државата за партиски интереси претставува најгрубо кршење на детските права и е во спротивност на најдобриот интерес на детето загарантиран со  Конвенцијата“, се вели во соопштението на МТПС.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Џафери: Лага е дека сум примил каков било материјал од Груевски

Редакција

Отфрлена кривичната на судијката Неделкова против Здравев и двајца членови на Судскиот совет

Редакција

Што предвидуваат Уставот и собранискиот Деловник по оставката на Заев и кога Ковачевски ќе стане нов премиер

Редакција