еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Се меша ли Османи во внатрешните работи на Бугарија со проверката за тоа кој стоел зад македонскиот клуб во Благоевград?

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ќе проверувал кој стои позади македонскиот културен центар „Никола Вапцаров“, кој утре се отвара во Благоевград, Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи ќе проверува кој стоел позади македонскиот клуб кој викендов се отвара во Благоевград

Логично е да се постави прашањето зошто Османи би истражувал за клуб кој се наоѓа во друга земја, што значи мешање во внатрешните работи на Бугарија и со тоа би го прекршил Договорот со Бугарија, кој не го дозволува тоа, иако бугарските политичари на таа основа го имаат прекршено истиот безброј пати.

За отварањето пак на бугарските клубови во Македонија со имиња на фашистички соработници, Османи периодов беше поприлично резервиран, па изненадува фактот што повеќе се заинтересира за клуб кој ќе се отвара во Бугарија, а немаше интерес за тие што се отвораат во Македонија.

Османи проверката ја најави за бугарски медиум, па потоа одржа и брифинг со македонските новинари на кој соопшти дека македонскиот клуб бил во спротивност со државните интереси на Македонија и дека немало да придонесе за добрососедските односи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За Османи е спорно отварањето на македонскиот клуб во Благоевград

-Кога дознав кој го финансира клубот ми беше јасно. Тоа е фондација од Канада, која има и своја веб-страница и доколку ги гледате позициите кон државата, кон стратешките интереси на државата ќе видите дека не е во функција на тие стратешки интереси и не очекувам дека ќе биде во функција на граѓаните и на односите меѓу двете земји.

Фактот што финансиер на тој клуб е тоа здружение за мене е доволен факт дека оваа иницијатива нема добра намера, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Милен Врабевски, главниот финансиер на бугарските клубови во Охрид и Битола

Ама на забелешката за контроверзните имиња на бугарските клубови во Охрид и Битола, за кои се знае кој ги финансира и кој стои позади нив, Османи на истиот брифинг не даде конкретен одговор, но нагласи дека институциите имаат информации и повтори дека тие клубови исто така не се во функција на бугарската заедница во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОМО „Илинден“ – Пирин до Османи: Глигор Цанев и Минчо Остас, стојат зад отворањето на македонски културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од утре нестабилно и посвежо, со пороен дожд, грмежи и силен ветер

Редакција

МРТ лани со загуба од 527,15 милиони денари

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ: Бројките од пописот се поразителни, а операцијата некомплетна

Редакција