еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Од утре зголемување на цената на парно греењето во Скопје за 14,05%

Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Како што информира претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1.480 долари.

-Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски.

Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да даде 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје.

Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ.

Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа шест лица од Ковид-19, вкупната бројка до сега е 5.429

Редакција

Прв смртен случај од корона вирусот во Македонија: Жената два пати била тестирана, тестовите биле негативни

Редакција

Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ: Да се врати старата цена на струјата

Редакција