еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Македокс: Заврши Патувачкото кино 2020 во Скопскиот регион

Патувачкото кино на 11.Македокс годинава се одвиваше во Скопскиот регион. Патешествието на магаренцето натоварено со документарни и анимирани филмови се одржа од 8 до 12 октомври, притоа посетувајќи ги населените места Драчево, Радишани (ОУ „Ацо Шопов“), Волково (СРЦ „Бранители“), Горна Матка и Булачани (ОУ „Наум Охридски“).

„Екипата на Македокс беше пријатно изненадена од интересот, љубопитноста и гостопримливоста на граѓаните, но и нивното учество во дополнителните активности на Патувачкото кино, што придонесе за успешна мисија исполнета со магија под ѕвезденото небо.

Програмата за млади содржеше анимирани филмови, додека за повозрасната публика беа прикажани долгометражни документарни филмови од програмата на фестивалот „Македокс“. На проекцијата во Горна Матка беше прикажан победничкиот филм „Еверест – потешкиот пат“ на Фестивалот на планински филм „Ехо“.

Паралелно со проекциите во Радишани се одржа сесија со новата генерација Докуникулци на „Македокс“, а беше изведена и еко-акција за чистење на игралиштето, каде се одржа проекцијата. Во Горна Матка се одржа креативна работилница за деца и работилница за јога.

Во Булачани имаше работилница на која децата учеа како да жонглираат, а проекцијата се одржа во услови со дожд, но тоа не беше проблем посетителите да претрчаат до своите домови да си земат чадори за да можат да го догледаат филмот до крај,“ велат организаторите.

Патувачкото кино на Македокс се одржа со почитување на протоколите за одржување културни настани на отворен простор и искрено ѝ благодариме на публиката што сите проекции поминаа во најдобар ред.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одвој момент за себе во Lisca за Black Friday

Редакција

Black Friday 2021 во А1 Македонија со екстра попусти за смарт телефони

Редакција

Ана Јовковска има нова книга „Сакам, значи постојам“

Редакција