Владата на една од последните седници го разгледала и го прифатила новиот текст на извештајот за завршени преговори за усогласување на текстот на Спогодбата меѓу Федерацијата на Свети Кристофер и Невис и Република Северна Македонија за укинување на визи за носители на биометриски патни исправи.
Владата ја определи Александра Миовска, амбасадор на Република Северна Македонија во Велика Британија и Северна Ирска, во име на Владата на Република Северна Македонија да ја потпише Спогодбата меѓу Федерацијата Свети Кристофер и Невис и Република Северна Македонија за укинување на визи за носители на биометриски патни исправи.
Федерацијата на Свети Кристофер и Невис е формирана од два минијатурни карипски острови и според Инвестопедиа е една од десетте омилени офшор дестинации за избегнување на даночните давачки или таканаречени даночни раеви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бахамите најголем странски инвеститор во Македонија во 2019 година
Фото:Global Citizen solution