еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија 33-та меѓу 180 држави според индексот на економски слободи

Македонија е рангирана на 33. место во светот, а на 17. во Европа според индексот на економски слободи за 2019 година што го изработува Херитиџ фондацијата.

Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е макроекономски стабилна земја, а на домашните економски перформанси влијаела политичката криза.

Како главни забелешка се посочуваат нивото на сивата економија што опфаќа меѓу 20 и 45 проценти од БДП, непродуктивните јавни трошоци, како и тоа дека постои законска рамка, но има слабост во имплементацијата. Потребни се и структурни реформи кои ќе се насочат на борбата против корупцијата и гломазната администрација.

Македонија е најдобро рангирана од земјите во регионот. По неа се Бугарија на 37, Косово 51, Албанија 52, Словенија 58, Србија 69, БиХ 83, Хрватска 86, Црна Гора 92 и Грција 106.

Земји со најголеми економски слободи се Хонг Конг, Сингапур, Нов Зеланд, Швајцарија и Австралија, а најлоши се Зимбабве, Конго, Еритреја, Куба, Венецуела и Северна Кореја.

Со извештајот на Херитиџ се опфатени 180 држави во светот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Кои се најуспешните градски хотели во Македонија

Редакција

Членот на Управниот одбор, Ивановски, купи акции во Аутомакедонија

Редакција

„Автонова“ го доби тендерот на Општина Битола за набавка на возило вреден 25.000 евра

Редакција