Македонија е суверена држава која одлуките ги носи самостојно водејќи се од принципите на почитување на меѓународното право, Повелбата на ООН, принципите и заложбите на ОБСЕ за заштита на европската безбедносна архитектура и глобалната стабилност, се вели во заедничкото соопштение на Министерство за одбрана и Министерството за надворешни работи на изјавата на портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, дека донацијата на тенкови за Украина е голема грешка.
„С Македонија уште од самиот почеток ја осуди воената интервенција во Украина и застана во поддршка на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, а пред се во поддршка на мирот, човековите права и меѓународниот поредок заснован на правила.
Имено, досега, Владата донесе неколку Одлуки за воено – техничка помош со кои и помагаме на Украина во одбрана на својот територијален интегритет кој е загрозен од воената интервенција.
С Македонија како членка на најмоќниот воено – политички сојуз – НАТО Алијансата, одлучно стои зад позицијата и решителноста на Алијансата да биде гарант на мирот и безбедноста на своите земји – членки и да ги штити вредностите, слободата и безбедноста на сегашните и идните генерации,“ се додава во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Москва: Донацијата на тенкови од Скопје за Киев е голема грешка
Фото: АРМ