еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија ќе го ограничи извозот на јајца

Утре ќе се замрзне цената на јајцата, но ќе се донесе и одлука за ограничување на нивниот извоз, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Како што рече Бектеши на прес-конференција во Владата, ако земјава донесе забрана за извоз, тоа ќе биде спротивно на ЦЕФТА договорите и спогодбите за слободна трговија со ЕУ поради што се можни санкции.

-Во делот на јајцата што се случува? Моментално се зголемува извозот од земјава кон другите држави. Се зголемува побарувачката од другите држави кон нашите домашни производители со поголеми цени од постоечките што ние ги имаме на пазарот.

Ако во случај ние носиме одлука за забрана на извоз тоа ќе биде спротивно на договорите на ЦЕФТА во регионот и на договорите за слободна трговија што ги имаме со ЕУ каде што може да следат одредени санкции кон нашата држава и затоа таква одлука не е опција моментално да се носи во делот на забрана на извоз.

За да ги зачуваме постоечките цени, а извозот да биде согласно тоа што било и претходно, ние утре нема да носиме само одлука за замрзнување на цената на јајцата, ова сега можам да го кажам за да се подготват и производителите, туку и ќе ограничиме доволно производство за потребите на домашниот пазар што значи дека процентуално ќе може да се направи извозот. Процентуално ќе ограничиме колку може како производство да излезе надвор од Република Македонија, објасни Бектеши.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Утре ќе се замрзне цената на оризот и јајцата

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Охридско Езеро се чистеше од цврст отпад, најголем дел доаѓа од реките кои се слеваат во езерото

Редакција

Бизнисмените до инспекторите: Превенција и едукација, па потоa казни

Редакција

Ѓорѓи Качурков, претседател на Одборот на директори купи 47.800 акции во РЖ Услуги

Редакција