еМагазин
Image default
Македонија

Македонија ќе поднесе ново барање до Грција за екстрадиција на екс разузнавачите Грујовски и Бошкоски

Министерот за правда Кренар Лога на денешната работна средба ја информирал амасадорката на Грција во Македонија, Софија Филипиду за скринингот во Брисел и поддршката од Европската комисија за постигнатиот напредок во делот на судските реформи и владеењето на правото.

-Грција отсекогаш ги подржувала европските амбиции на Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија и е подготвена да обезбеди стручна помош за олеснување на процесот, истакнала Филипиду.

На средбата, како што информираат од Министерството за правда, се разговарало и за уставните измени, при што министерот  Лога соопштил дека во наредниот период, во координација со премиерот и претседателот на државата ќе се формира работна група која ќе работи на подготовката на измените на Уставот.

Министерот Лога ја информирал амбасадорката Филипиду дека Министерството за правда ќе поднесе ново барање за екстрадиција на екс разузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошкоски кои се обвинети во 2017 година за масовното прислушување на над 20 илјади граѓани.

-Не може да има правна држава додека овие луѓе не одговараат за делата кои ги сториле. Очекуваме, земјите од ЕУ да ни помогнат во спроведувањето на законите и враќањето на довербата во правосудниот систем, порача министерот Лога.

Министерот Лога и амбасадорката Филипиду очекуваат од двете држави, интензивирање на напорите за целосно и доследно спроведување на Договорот од Преспа.

– Соработката ќе продолжи и во  наредниот период преку организирање на работилници, официјални посети и средби на експертско ниво со цел да се олесни процесот на преговори со ЕУ. Поддршката на Академијата за судии и јавни обвинители во Солун ќе ни биде од големо значење за приближување на нашето со европското законодавство, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Фото: Министерство за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 109 оздравени од Ковид-19

Редакција

Лажни се денешните пријави за поставени бомби во училишта во Скопје и Прилеп

Редакција

И Арбен Таравари, кандидатот за претседател на Македонија на албанската опозиција собра 10.000 потписи

Редакција