еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија осигурување Виена иншуренс груп со зголемена добивка во првите девет месеци

Македонија осигурување ад Виена иншуренс груп во периодот од јануари – септември 2022 година оствари позитивен финансиски резултат во износ од 57.9 милиони денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-Во истиот период 2021 година финансискиот резултат изнесуваше 43.3 милиони денари.

Во третото тромесечие 2022 во однос на истиот период 2021 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните приходи во 2022 година се зголемени за 7,1%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 5.1%.

Зголемувањето е приходите се должи на бруто полисираната премија и приходи од вложувања.

Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од вредносно усогласување на побарувањата по основ на премија, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп во првите три месеци со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридска банка го одложува Собранието на акционери додека трае вонредната состојба

Редакција

Тендер вреден седум милиони евра: „Окта“ и „Супертрејд“ ќе ги „полнат“ нафтените резерви со дизел

Редакција

(Фото) ТАВ: Отворена новата продавница на ATU Duty Free на Скопскиот аеродром

Редакција