еМагазин
Image default
Бизнис

Македонија во преговори да купи јаглен за производство на струја од Косово

Министерот за економија Крешник Бектеши придружуван од заменик- директорот на АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Имер Зенку оствари работен состанок со министерката за економија на Република Косово, Артане Ризваноли и директорот на Косовската енергетска корпорација (КЕК) Нагип Красниќи, информираат од Министерството за економија.

Тема на состанокот била можноста за набавка на јаглен од Република Косово за потребите на Македонија за зголемување на домашното производство на електрична енергија.

На состанокот било договорено во наредниот период да биде потпишан Меморандум за разбирање меѓу двете земји со кој ќе се обезбедат потребните количини јаглен за непречено производство на електрична енергија од домашните енергетски капацитети во Македонија.

„Како Северна Македонија секогаш сме подготвени и заинтересирани да ја зголемиме соработката со Република Косово на секое поле, особено сега кога се соочуваме со здравствената и енергетската криза поради која сме собрани денеска.

Значи, ние и претходно сме разговаравме, многу сме заинтересирани да ја продлабочиме соработката особено во однос на набавка на јаглен од Република Косово во Северна Македонија за потребите на функционирањето на термоцентралите, бидејќи капацитетите во однос на експлоатација на јаглен ни се ограничиени и имајќи предвид дека Косово има значителни резерви сметаме дека техничките тимови треба да изнајдат решение кое ќе биде вин-вин и за Република Косово, но и за Северна Македонија.

На тој начин да се зголеми соработката не само со увозот на јаглен, туку и во однос на пазарот на електрична енергија воопшто за двете земји.

Ние сме крајно заинтересирани да се изнајде такво решение, имајќи предвид дека во одредени месеци и Косово можеби ќе треба да увезува струја од Северна Македонија и обратно, но за да се постигне тоа сигурно треба да го зголемиме производниот капацитет.

Верувам дека еден ваков договор, од кој ќе имаат корист и двете земји, ќе биде договор кој во наредниот период период ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со електрична енергија“, истакна министерот Бектеши.

Фото: Министерство за економија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Чии акции имаат најголем пораст и пад на Македонската берза?

Редакција

Одземена лиценцата за работа на превозникот „Бога Транс“ од Скопје

Редакција

Трготекстил малопродажба во загуба во првите девет месеци од годината

Редакција