еМагазин
Image default
Бизнис

Македонска берза стана полноправна членка на Федерацијата на Евроазиски берзи

Одборот на Федерацијата на Евроазиски берзи (FEAS) на 28 октомври го одобри приемот на Македонска берза АД Скопје како полноправна членка на Федерацијата.

Полноправното членство во FEAS овозможува целосно користење на сите придобивки и услуги што ги обезбедува оваа Федерација, како што се деловна и промотивна поддршка, размена на знаења и искуства, пристап до истражувања и публикации, можност за учество на настани во нејзина организација и слично, соопшти Македонска берза АД Скопје.

Од 2016 година Македонска берза во FEAS беше со статус набљудувач.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петер Зелен реизбран за член на Управниот одбор на НЛБ Банка

Редакција

Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа, велат од Влада

Редакција

Занаетчиската комора за прв пат доби жена за директор

Редакција