еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Земјава не се снабдува со природен гас од гасоводот преку Украина, нема простор за грижа, велат од Влада

Република Северна Македонија не се снабдува со природен гас од гасоводот што поминува низ Украина и оттука нема простор за грижа дека ќе има недостиг од овој енергенс, изјави денеска владиниот портпарол Муамет Хоџа по информациите дека Русија испорачува помалку природен гас преку Украина кон Европа.

– Во таа насока сакаме да истакнеме дека количините што се потребни за нашата држава се обезбедени од страна на компаниите кои вршат дистрибуција на гас. Нема простор за грижа, рече Хоџа на денешната прес-конференција во Владата.

Во однос на владината одлука да ја укине забраната за извоз на масло за јадење, владините портпароли посочија дека со ваквата одлука нема да се наруши снабдувањето со овој производ на домашниот пазар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата дозволи извоз на сончогледово масло

– Во Република Северна Македонија нема недостиг на масло за јадење. Напротив, цело време, врз основа на она што го велеа производителите, има доволно залихи во магацините. Независно од тоа, Владата презеде чекори за дополнително да го осигура пазарот.

Во ситуација кога имаме доволно за нас, нема пречка да се помогне на државите кои имаат недостиг на рафинирано масло. Токму затоа на последната седница, Владата ја укина мерката за забрана за извоз со што овозможува на производителите да ги реализираат претходно склучените договори, а во истовреме да излеземе во пресрет како во случлајот со Република Албанија, појасни владиниот портпарол, Душко Арсовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја затвора една од дветте главни точки за транзит на руски гас кон Европа

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Фрчат“ кривични за граѓани низ цела Македонија кои не се самоизолираат

Редакција

(Видео+Фото) Пендаровски во историска посета на Грција: Како го пречекаа и за што разговараше со претседателката Сакеларопулу

Редакција

Визер ги укина летовите од Скопје до Барселона и Ларнака и од Охрид до Милано

Редакција