еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Почна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската криза

Од денеска почна аплицирањето за бескаматниот кредит за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза.

Кредитната линија е наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и занаетчии кои плаќаат данок на реален приход и се регистрирани во земјава. Компаниите треба да бидат во приватна сопственост и на листата на прифатливи класи на дејности за кредитирање, објавена во јавниот повик.

Минималниот износ на кредит е 185.000 денари, а максималниот износ 3.000.000 денари. Рокот на отплата е од 12 и од 18 месеци со вклучен грејс период од шест месеци во двата случаи.

За корисниците на оваа кредитна линија предвидена е грант компонента од 10 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 18 месеци, односно 20 проценти за субјектите кои ќе користат рок на отплата од 12 месеци.

Барањата може да се поднесат по електронски пат на е-маил адресата [email protected] до 26 мај до 9 часот.

Јавниот повик за оваа кредитна линија беше објавен на 5 мај годинава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата го усвои шестиот пакет антикризни економски мерки

Редакција

Рестрикции на струја нема да има, но не очекува тешка зима, вели Бектеши

Редакција

Угостителските услуги пораснале за 13,3%

Редакција