еМагазин
Image default
Бизнис

Мебел-Ви инвестира и во време на криза: Поставен камен темелник на новиот продажен центар во Струмица

Виничката компанија за производство на медбел, Мебел-Ви започна со изградба новиот, најголем, продажен центар на Мебел-Ви, кој ќе биде лоциран во Струмица.

„По завршувањето на подготвителните активности, вчера беше поставен камен темелник на новиот ултра модерен салон за мебел. Објектот е планиран да биде со површина од 4.000 м2, што го прави еден од најголемите продажни објекти во државата.

Остануваме на определбата да бидеме прв и најдобар избор за квалитетен мебел на потрошувачите во Македонија и со ова значително ја доближуваме нашата понуда до уште поголем број корисници.

Ова е осмиот продажен салон на нашата компанија и заедно со него вкупната изложбена површина, на располагање на потрошувачите, се зголемува на 22.000 метри квадратни, што не прави лидер на пазарот во државата, но и во регионот.

Новата инвестиција доаѓа во годината кога го прославуваме нашиот јубилеј 25 години постоење, и значително ќе придонесе во збогатување на целокупната понуда на пазарот на мебел и секако ќе внесе дополнителна свежина и бенефиции за граѓаните во Струмичкиот регион.

Нашата стратешка цел е понуда на исклучителен производ со препознатлив квалитет, квалитетен мебел кој е достапен и блиску до потрошувачите,“ велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Хаваш“ ќе биде консултант на ТАВ Македонија за услугите за прифат и отпрема на скопскиот аеродром

Редакција

Пред година и пол хакери нападнале две најголеми банки во државава, откри Пендаровски

Редакција

Ќе се зголемуваат тарифите за концесионерите на рудниците

Редакција