еМагазин
Спорт

Македонската репрезентација на 68. место на најновата ФИФА ранг листа

На најновата ФИФА рејтинг листа објавена денеска, македонската репрезентација го задржа 68. место, очекувано со оглед на тоа што немаше настапи од почетокот на годината.

Противникот на „црвено-жолтите“ во полуфиналето од Лигата на нации, селекцијата на Косово е на 115. позиција.

На февруарското рангирање нема промени во ТОП 10 листата. Таму на врвот и натаму е Белгија, пред Франција и Бразил.

На врвот и натаму е Белгија пред Франција и Бразил. Во Топ 10 се уште и репрезентациите на Англија, Уругвај, Хрватска, Португалија, Шпанија, Аргентина и Колумбија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Редакција

(ВИДЕО) Како тоа го прават Јапонците: Салата за гимнастика по завршувањето на Олимпијадата ќе стане саем

Редакција

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла

Редакција