еМагазин
Image default
ДОБРОСОСЕДСТВО

Македонски и бугарски планинари реализираа високогорска акција за искачување на Голем Кораб

Македонски и бугарски планинари кои се членови на Планинарски-спортски клуб “Голак” од Делчево, викендов реализираа високогорска акција за искачување на врвот Голем Кораб. Во искачувањето како што информираше претседателот на клубот Љупчо Чучуковски учествувале планинари од Делчево, Виница и Софија.

– Направивме високогорска акција за искачување на врв Голем Кораб на 2.764 метри на планината Кораб. Маршот го започнавме од Караула “Победа” на 1.453 метри, потоа се движевме во правец кон Бачило Беланџа, Нистровски Кораб и се до врвот Голем Кораб, информираше Чучуковски.

Должината на маршот изнесувала 18 километри во двата правци.

– Имавме идеални временски услови од +20 целзиусови степени, со сонце, без ветар, а на врвот се сретнавме со пријатели планинари од Албанија. Поради оправдани причини двајца наши членови мораа да се вратат назад, додека сите останати без проблеми го искачија врвот, додаде Чучуковски.

Од клубот најавија дека вакви високогорски акции ќе бидат реализирани повеќе пати во текот на годината.

МИА/Фото: emagazin.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Заедничка акција на македонската и грчката полиција: 161 килограми висококвалитетен кокаин запленет на солунското пристаниште

Редакција

Министрите за култура на Македонија и Бугарија се договорија да ги зајакнат контактите меѓу двете филхармонии, театри и музеи

Редакција

Македонија испраќа хеликоптер и 30 војници за поддршка на гасење на пожарите во Грција

Редакција