еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Путин: Ако Украина добие ракети со долг дострел, Русија ќе гаѓа нови мети

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека ќе има последици доколку на Украина и се испорачаат ракети со долг дострел.

Тој за руските медиуми истакна дека Русија ќе гаѓа нови мети доколку Украина се снабди до ракети со долг дострел, но не ги наведе целите.

– Во случај на испорака на ракети со долг дострел на Украина, Руската Федерација ќе извлече заклучоци и ќе ги гаѓа објектите кои се уште не биле цел, посочи Путин.

Претседателот на САД, Џо Бајден минатата недела одобри на Украина да и се достават ракети со долг дострел.

– Поаѓаме од фактот дека ова снабдување од САД и некои други земји е поврзано со компензација за загубата на воена опрема, тука нема ништо ново и не се менува ништо суштински. А, има и пријави за набавка, да кажеме, на артилерија. Очигледно, зборуваме за обнова на тоа што беше изгубено, беше уништено за време на непријателството, наведе Путин.

МИА/Фото: РТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вулканот Етна сее страв и трепет во центарот на Катанија

Редакција

Во пожар во Основниот суд во Куманово изгоре дел од архива од стари предмети

Редакција

Радев бара македонските Бугари да бидат дел од Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ

Редакција