еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Во пожар во Основниот суд во Куманово изгоре дел од архива од стари предмети

Во пожар во Основниот суд во Куманово кој синоќа избувнал во подрумските простории, изгоре дел од архива од стари предмети.

„Противпожарната единица на Куманово бележи интервенција во текот на ноќта на опожарени простории на зградата на Основен суд Куманово во 01:35 часот.

Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари“, информираа од Регионалниот центар за управување со кризи.

Неофицијално причината за пожарот е старата електрична инсталација

Колкава е штетата и што била вистинската причина за пожарот ќе биде познато деновиве.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп не признава пораз: Јас сум победник

Редакција

(Вознемирувачко фото) Загинатите цивили во Мариупол ги закопуваат во масовна гробница

Редакција

Одговор „тежок и во корист на Русија“: Захарова со закани кон земјите кои протераа руски дипломати

Редакција