еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Радев бара македонските Бугари да бидат дел од Уставот пред почетокот на преговорите со ЕУ

Бугарскиот претседател Румен Радев на работна средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ и на Швајцарија разговарал и за отворените билатерални прашања во дијалогот со Република Северна Македонија, соопшти прес службата на Радев, пренесува Радио Слободна Европа.

„Меѓу нерешените политички прашања се издвојуваат почитувањето на правата на македонските Бугари, засилувањето на јазикот на омразата и посегнувањата по бугарското културно-историско наследство. Оставањето на овие прашања по страна ќе го забави и напредокот во процесот на европска интеграција“, рекол Радев.

Тој рекол дека Бугарија очекува уставни гаранции за почитување на правата на македонските Бугари, со нивно додавање во преамбулата на Уставот на Република Северна Македонија, заедно со наведените други делови на народите.

Според шефот на Бугарија тоа треба да се случи пред почетокот на преговорите за членство на Скопје во ЕУ.

„Почитувањето на човековите права и исполнувањето на критериумите од Копенхаген за членство не може да се третира само како билатерално прашање меѓу Бугарија и СРМ, тие влијаат на основните европски вредности, не можат да се преговараат и се јасен показател за европската зрелост на СРМ.

Тешко е да се прифати тезата дека во парламентот на земја кандидат за членство во ЕУ нема 2/3 мнозинство за да се изрази силната политичка волја за постигнување полноправно членство“, рекол Радев.

Според него би било необјасниво да се внесе во обединета Европа идеологијата на поранешните тоталитарни режими.

Фото: Фејсбук/Радев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија ќе ја одложи таксата за транзит на руски гас низ нејзина територија

Редакција

За 2,6 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 во Македонија споредено со минатата недела

Редакција

Македонија со владеење на правото е на исто ниво со Монголија, Казахстан, Индонезија и Молдавија

Редакција