еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Петков телефонски разговарал со Ковачевски, очекува нулта толеранција за провокации

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во изјава за бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Белград, рече дека имал телефонски разговор со македонскиот колега Димитар Ковачевски.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков коментирајќи го оштетувањето на венците што бугарската делегација ги положи на гробот на Гоце Делчев во Скопје, кажал дека секогаш ќе има провокатори.

Петков очекува да има нулта толеранција за провокации и верува дека тоа никако нема да ја намали брзината или да ги спречи започнатите заеднички активности.

– Ние имаме заедничка цел, а тоа е добрососедството и добри билатерални односи, истакнал Петков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Навивачки групи отстранувале ленти од венците од бугарски претставници положени на гробот на Гоце Делчев, МНР го осуди инцидентот

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Кралско поле“ со марихуана ќе никне во Охрид

Редакција

Преговорите неизвесни: Ѓоргиев не прифаќа вонреден состанок на заедничката комисија со Бугарија

Редакција

Хеликоптер на АРМ принудно слетал поради дефект на моторот

Редакција