еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Навивачки групи отстранувале ленти од венците од бугарски претставници положени на гробот на Гоце Делчев, МНР го осуди инцидентот

Министерството за надворешни работи остро го осудува вандалскиот и немил инцидент кој се случил на денот на обележувањето на 150-годишнината од раѓањето на нашиот најистакнат револуционер Гоце Делчев, кој бил извршен од членови на навивачки групи, кои на нецивилизиран начин ги отстранувале лентите од венците кои беа положени од страна на бугарските официјални претставници за време на оддавањето почит на гробот на Гоце Делчев, соопшти Министерството за надворешни работи.

– За овој настан, Министерството за надворешни работи официјално ја извести Република Бугарија дека надлежните институции на Северна Македонија веќе ги презедоа сите потребни чекори и постапки со цел откривање на сторителите на овој немил инцидент, преку кој се прави обид да се фрли сенка на обележувањето и чествувањето на смртта на Гоце Делчев, на неговиот гроб, но и на угледот на нашата држава и на делегациите од Бугарија кои учествуваа на овој свечен чин на чествување  на оваа голема историска личност, значајна за сите нас, велат од МНР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Хрватска кај пиперки увезени од Македонија откриен токсичен пестицид

Редакција

Денеска втора полуфинална вечер на Евровизија, кои земји ќе се „борат“ за финалето

Редакција

Докторот Арбен Аголи, кандидат на Алијансата за Албанците за градоначалник на Дебар

Редакција