еМагазин
Image default
Бизнис

Македонски научници со револуционерен пронајдок – месни преработки без хемиски адитиви

Традиционалната храна се смета за дел од националното богатство на секоја земја, вредност што се пренесува со генерации. Во време на масовен консумеризам, таквите прехранбени производи претставуваат посебно задоволство за потрошувачите, особено за гурманите, со очекувања истите да ги разбудат сетилата и истовремено да детерминираат висок квалитет.

Но, традиционалната храна мора да биде безбедна од микробиолошки и хемиско-физички аспект, без неконтролирана преработка и без присуство на конзерванси.

Во таа насока првпат во Република Македонија, но и во регионот па и во светски рамки, произведени се колбаси по традиционална рецептура при што е задржана нивната боја, вкус и трајност, а целосно да се изоставени хемиски дотатоци и засилувачи на вкус.

Оспоруваните хемиски адитиви со Е-ознаки се заменети со природни состојки со што се постигнува добар квалитет кај колбасите, а истовремено се добива безбеден производ во кој целосно е елиминирана употребата на хемиските адитиви.

Станува збор за готов производ – „Македонски традиционален колбас“, иновација на група научници кои спроведоа истражување во една од македонските индустрии за месо, додека аналитичкиот дел е реализиран во лабораториите на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

М-р Моника Стојанова е дел од научноистражувачкиот тим кој работеше на оваа проблематика, а добиените резултати од целото истражување се објавени во нејзиниот магистерски труд, сработен под менторство на проф. д-р Олга Најденовска и коменторство на проф. д-р Златко Пејковски. Дел од резултатите се публикувани и презентирани како научноистражувачки трудови на неколку конференции и симпозиуми во регионот, од кои позначајна е 41. Меѓународна студентска конференција за земјоделство и ветеринарна медицина во Нови Сад, каде м-р Стојанова го освојува првото место.

Стојанова во интервјуто дадено за МИА објасни дека севкупното истражување се темели на целосно искористување на природните потенцијали со цел елиминирање на хемиските адитиви при производството на храната и нивното негативно влијание врз здравјето на консументите. Имено, со аплицирање на селектирани видови чисти култури микроорганизми како соодветна замена на адитивите и со контролирање на нивните метаболички процеси во производите од месо се добиваат идентични, дури и подобри квалитетни својства, со што се исполнети очекувањата од ова истражување.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стопанска банка Скопје оствари добивка од 44,6 милиони евра

Редакција

Засилени инспекции за новогодишните празници: Затворени уште четири угостителски објекти

Редакција

Доминација: Трите најголеми банки со поголем профит од сите останати компании на берзата

Редакција